Манчевски: Електронскиот регистар на население нема да го замени пописот

by Фокус 13:11
13:11

Електронскиот регистар за население треба да биде чекор кон дигитализација на услугите за граѓаните и воопшто не е предвиден да го замени пописот на население, кој ќе го спроведува Државниот завод за статистика, истакна министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

– Електронскиот регистар на население е основата за нудење на електронски услуги на граѓаните, односно за побрза, поефикасна и поевтина услуга од администрацијата. Во предлог-законот се предвидуваат 17 податоци што ќе се собираат од различни институции, односно ќе се формира своевиден електронски идентитет на граѓаните во формат што ќе може да го користи целата администрација. Но, тоа не е замена за пописот – објасни Манчевски.

- Advertisements -

 

Поврзани новости