Бошњаковски: Следи постапка за барањето на Бугарија да го назначи Орце Камчев за почесен конзул

by fokus

Во соодветна постапка Владата на Република Македонија ќе се поризнесе по барањето на Бугарија да го назначи бизнисменот Орце Камчев за почесен конзул, велат од таму. Барањето од амбасадата на Република Бугарија пристигнало вчера во Министерството за надворешни работи, изјави денеска владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

-Во текот на вчерашниот ден во МНР од амбасадата на Република Бугарија е пристигнато овој тип на барање. Во согласност на законските процедури Владата допрва ќе се произнесе по нивното барање. Се дотогаш не би можел да ви дадам конкретни информации, следува постапка – рече Бошњаковски.

Поврзани новости