Во Србија над 13.000 заразени за еден ден

by fokus

Од направени 37.402 тестови во последните 24 часа во Србија регистрирани се 13.693 лица позитивни на ковид-19. Починати се 22 лица, додека на респираторна поддршка се 86 пациенти.

Досега рекордот на нови случаи во еден ден беше оној од 6 јануари кога беа забележни 9.122 позитивни тестови, а ова е прва петцифрена бројка на заразени во Србија.

Во последните 24 часа во Хрватска регистрирани се 7.956 нови случаи со корона вирус,а бројот активни изнесува 46.828, додека во Словенија денеска има над 5.000 нови заразени.

Поврзани новости