Во Србија над 1.000 заразени со ковид

by fokus

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.869 лица за ковид-19, од кои 1.098 биле позитивни, додека, 24 лица починале.

На респиратори во моментов во има 102 пациенти.

Овие бројки во Србија постојано го држат истото темпо, откако претходниот ден беа од вкупно 14.656 тестирани, 1.193 позитивни, додека починаа 26 лица. Деновиве во Србија, Албанија и Македонија беа потврдени првите случаи на новиот сој Омикрон.

Поврзани новости