Левица го тужи Ким Мехмети

by fokus

Партијата „Левица“ поднесе тужба против писателот и публицист Ким Мехмети поради статус на Фејсбук.

Во поканата од Јавното обвинителство испратена до Мехмети, се вели: „Се повикува Ким Мехмети на 13.01.2022 година вон 10 часот да се јави во просторите на Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето се повикува во својство на осомничен за Кривично дело излагање на подбив на македонскиот народ и припадниците на заедниците по член 179, а по кривична пријава поднесена од партијата Левица за текст објавен на Фејсбук профил на 29.07.2021 година“.

Мехмети на својот Фејсбук профил реагираше на тужбата од Левица и поканата на Јавното обвинителство којашто била напишана само на македонски јазик.

-Кратко: во оваа Македонија каде пред цел свет се навива „Смрт за Албанците“ и „Само мртов Албанец е добар Албанец“ конечно и јас завршив таму каде што припаѓам – пред обвинителите и судовите на оваа земја.

Не знам зошто, но чувствувам чест што ме тужи и ме обвинува ЛЕВИЦА, партија која смрди на антиалбанизам и која предизвикува повраќање секогаш кога ќе го слушнам нејзиното име, а камоли да се занимавам со тоа, се вели во дел од објавата на Мехмети.

Поврзани новости