Во сообраќајна несреќа што се случила на вчера на регионалниот пат Велес–с.Извор, потешко повредено е четиригодишно дете, информираа од МВР.
Според полицијата, сообраќајката се случила меѓу патничкото возило „Фиат Пунто“ со велешки регистерски таблици, кое било управувано од Т.М. (33) од с.Горно Јаболчиште, и патничко возило „Митсибуши Л-200“ со скопски регистерски таблици, управувано од М.С. (26) од Велес. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило четири годишно дете кое било сопатник во возилото „Фиат Пунто“, по што било пренесено во Општата Болница во Велес, но поради сериозноста на повредите било префрлено во Ургентниот Центар во Скопје на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР- Велес. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.