396
Специјалното јавно обвинителство отвори трета истрага под кодно име „Рендген“.
Во овој случај, тогашниот министер за здравство се сомничи дека ја злоупотребил службената положба и овластувања при јавна набавка на медицинска опрема и друга опрема за радиолошките служби во 4 здравствени установи во земјава.
– Лица од фирмата, користејќи инсајдерски податоци, изготвиле студија која потоа осомничениот ја добил на личниот меил. Откако во јавноста се објавени информации за учество на фирмата на позната новинарка и нејзината мајка, во 2014 година соработката е раскината. Осомничениот продолжил со дејствија и склучил договор со второрангираната фирма при што се стекнал со имотна корист од 860 илјади евра – додаде Фатиме Фетаи.