СЈО отвори истрага и против екс министерот Љупчо Димовски

by fokus

СЈО отвори истрага и против поранешен министер за земјоделие и водостопанство, под името „Продуцент“, за злоупотреба на службената положба и овластување.

Осомничениот, како што рече Фетаи, во ноември 2009 склучил договор со фирмата СМАРТ ДООЕЛ Скопје во вредност од 50.000 евра кое настапило како продуцент за авторскат емисијата „Боја на парите“ на ТВ Сител, а Министерството како корисник склучило договор за закуп на простор.

Според СЈО јавната набавка била склучена со повик на член од Законот за јавни набавки, иако и во самиот член постои насока дека ваков програмски пакет не може да се нарача од продуцентска куќа, туку само од радио или ТВ куќа. Како што рече обвинителката Фетаи, овие 50.000 евра биле исплатени  од Министерството без доказ за извршена услуга.

Склучениот тендер „тежел“ 50.000 евра, а во времето кога тендерот бил склучен на министерското столче седеше Љупчо Димовски.

Поврзани новости