Нова истрага за неуспешниот софтвер во ЕЛЕМ вреден четири милиони евра

by fokus

Специјалното јавно обвинителство отвори нова истрага за софтверот во АД ЕЛЕМ, за кој веќе е покренато обвинение против поранешниот генерален директор на акционерското друштво, Дејан Бошковски. Истрагата се води под кодното име „Тарифа 2“.

Како што објави денеска обвинителката Фатиме Фетаи, новоотворената истрага го товари осомничениот дека предизвикал финансиска штета на компанијата од 218.000 евра, пари кои ги исплатил на чешка фирма за софтверот кој се уште не е во употреба. Штетата која ја причинил е по две основи.

На чешка фирма, член на конзорциумот, и биле неосновано исплатени 146.400 евра за миграција на податоци од стариот во новиот ситем во фаза на имплементација на системот.

Освен тоа чешката фирма добила 79.000 евра за поддршка при пуштање во употреба на системот, кој до ден денес не е имплементиран.

-Иако обидот за пуштање во употреба бил неуспешен, осомничениот одобрил да се исплати веќе споменатиот износ – рече Фетаи.

Според обвинението во „Тарифа“ три лица, меѓу кои и Бошковски, се товарат за незаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија ЕЛЕМ, вреден четири милиони евра. Иако конзорциумот немал доставено комплетна документација, му овозможиле да се квалификува во втората фаза од јавната набавка и да го добие тендерот.

Поврзани новости