350
Снегот и силниот ветер во Словенија предизвикаа проблеми во сообраќајот и снабдувањето со електрична енергија, јавија словенечките медиуми.
На подрачјето на Нови Место без струја останале повеќе од 3.000 потрошувачи, соопштија од Електро Љубљана.
Поради невреме е затворен дел од крајбрежниот автопат меѓу Кастелец и Кожине кон Љубљана, јави СТА.