Во Словенија делумно укинување на рестриктивните мерки

by Fokus

Словенечката Влада одлучи од денеска до 23 декември да се укинат дел од рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19.

Од денеска во Словенија повторно ќе функцинира јавниот превоз, а се отвораат и фризерниците, цвеќарниците, автопералниците и сервисите за хемиско чистење.

Дополнително укинување на мерките словенечката Влада одобри во само четири региони со најповолна епидемиолошка слика и тоа во Централна Словенија, Горишка, Крајбрежно-Кришкиот регион и Горењска.

Во сила останува мерката едно лице да биде на простор од 30 метри квадратни.

Бизнисмените ја поздравија владината мерка за укинување на дел од мерките, додека министерот за здравство Томаж Гантар е внимателен и ја потсети јавноста на лимитираните капацитети на здравствениот систем.

Поврзани новости