Ибрахимовиќ: Сите во Милан сме гладни за титули

by Fokus

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ зборуваше за борбата за Скудетото оваа сезона во италијанскиот шампионат.

„Росонерите“ играат неверојатно оваа година и се уште се без пораз во Серија А, на изненадување на сите фудбалски фанови.

– Еден тим мора да има храброст да сонува да ја освои Серија А. Пред нас е долг пат. Милан е гладен за трофеи. Сите посакуваме да станеме шампиони. Мислам дека ја пренесувам својата харизма на моите соиграчи. Јас секогаш сакам да тренирам бидејќи тоа ме прави да се чувствувам подобро. Им велам на луѓето на моја возраст да веруваат во себе и никогаш да не се предаваат, рече 39-годишниот Швеѓанец во изјава за „Ла Газета дело Спорт“.

Милан е лидер во Серија по 11 одиграни кола со освоени 27 бода

Поврзани новости