610
Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 20 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што вкупно 433 лица сомнителни и потврдено за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерство за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за ОРЛ и на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца на Очната клиника и двајца на Клиниката за Нефрологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти, на Инфективната клиника 5 болни итн.
Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 16 оздравени пациенти.