Пратениците ќе расправаат за аранжманот со Грција за заштита на воздушниот простор

by Фокус

 Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за надворешна политика, за локална самоуправа, за транспорт врски и екологија, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност, меѓу другото, се измени на Законот за следење на комуникациите, Законот за заштита и спасување, како и Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика, пак, платформата за дипломатските активности ќе ја претстави амбасадорот Милаим Фетаи, а Комисијата ќе ги разгледа и предлозите за ратификација на Технички аранжман со Министерството за национална одбрана на Грција за заштита на воздушниот простор FIR SKOPJE (LWSS), како и договорот со Србија за реципрочно признавање на возачки дозволи.

Членовите на Комисијата за транспорт врски и екологија, пак, ќе во прво читање ќе го разгледаат Предлог – законот за изменување на Законот за поштенските услуги.

Во Собранието денеска ќе има седница и на Комисијата за финансирање и Буџет, на која ќе се расправа за повеќе точки од сферата на финансиското работење.

Поврзани новости