Приведен газда на угостителски објект во Желино

by Фокус

Вчера околу 19 часот, полициски службеници го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ф. од тетовско Желино, чиј угостителски објект во ова село работел по дозволеното време и во него имало гости, меѓу кои и косовската државјанка В.Г.(35) која, исто така, била лишена од слобода поради злоупотреба на туристичкиот престој.

„Ј.Ф. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од МВР.

Од таму додаваат дека објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, а косовската државјанка предадена е за натамошна постапка во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Поврзани новости