Во Скопје вчера казнети 255 возачи

by Fokus

Во акциска контрола на полицијата вчера на територијата на Град Скопје 12 лица возеле без возачка, а 58 возачи ја пречекориле дозволената брзина на движење.

Од МВР информираат дека се изречени вкупно 255 санкции. Од нив, билтенот бележи 13 технички неисправни и нерегистрирани возила и четири мотоциклисти. Изречени се 86 мерки за непрописно паркирање и 68 возила подигнати со „пајак“, 25 санкционирани пешаци и 26 казни за неносење заштитна маска.

Полицијата најавува засилените сообраќајни контроли и во наредните денови и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости