Најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Скопје каде се измерени 93 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи за мерењата на наврнат воден талог до 8 часот утрово.
Во Маврово наврнале 39, во Пожаране 28, Крушево 20, Охрид 18. Во Ѓуриште за изминатото деноноќие се измерени 11 литри на метар квадратен, 10 во Лазарополе, 5 во Скопје – Петровец, два литра во Тополчани и Берово и еден литар на метар квадратен во Куманово, Штип и во Претор.
УХМР соопшти дека и денес подрачјето на Македонија ќе остане под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне и во вечерите часови повторно ќе предизвика променливо и нестабилно време со врнежи од дожд кој локален ќе бидат поројни и проследени со грмежи.