Затворена обиколницата околу Скопје

by fokus

Поради обилните врнежи и надојдената вода во прекин е сообраќајот на обиколницата, стои во извештајот на АМСМ.

„На 6/7 август 2016 година поради обилните врнежи од дожд и надојдената вода, од 20 часот во прекин е сообраќајот по обиколница од клучка Хиподром до клучка Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу расчистување на истата“ – стои во извештајот од АМСМ.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Поради зголемената фреквенција на граничните премини можни се задржувања до 30 минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Поврзани новости