504
Во текот на вчерашниот ден, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 221 мерки, соопштуваат од МВР.
Како што се прецизира во соопштението, од нив 28 за возење без возачка дозвола, 20 за нерегистрирани возила, 9 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 17 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 10 за некористење сигурносен појас. Изречени се и 45 мерки за непрописно паркирање, 32 возила се подигнати со „пајак“, 21 санкција за неносење на заштитна маска.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.