Велика Британија: Деведесетгодишна жена прва ја прими вакцината против Ковид-19

by Fokus

Маргарет Кинан, 90-годишна жена од Велика Британија е првата личност во светот што ја прими вакцината против новиот коронавирус на компанијата Фајзер и БиоНтек.

Кинан, која е од Северна Ирска, изјави дека е привилегирана бидејќи во Универзитетската болница во Ковентри ја прими првата вакцина.

Велика Британија нарача 40 милиони дози вакцина, доволни за помалку од една третина од населението, кое брои 67 милиони.

Велика Британија е прва западна земја што денеска почна со имунизацијата на населението.

Вакцината на Фајзер и БиоНтек треба да се чува на најмалку од минус 70 степени Целзиусови.

Поврзани новости