ОН го прогласија 27 декември за Меѓународен ден на подготвеност за епидемија

by Fokus

Генералното собрание на Обединети нации синоќа усвои резолуција со која 27 декември е прогласен за Меѓународен ден на подготвеност за епидемија, бидејќи ширењето на Ковид-19 покажа недостатоци во предвидувањето на тоа поле.

Во текстот на резолуцијата се повикуваат сите земји-членки, телата на ОН и другите глобални, регионални и субрегионални организации, приватниот сектор, цивилното општество, вклучително и невладините организации „секоја година да го одбележуваат овој ден“.

Во резолуцијата се поттикнуваат 193 земји-членки на ОН да организираат „информативни и активности кои ја подогнуваат подготвеноста со намера да го истакнат значењето на спречување на епидемиите и градење на цврсто партнерство за борба со нив“.

Во документот се бара од Светска здравствена организација, која беше критикувана од САД поради нетранспарентност во борбата со вирусот да придонесе за одбележување на овој ден.

Во пандемијата со новиот коронавирус починаа над 1,53 милиони луѓе во светот, а околу 67 милиони се заразени, а излекувани се над 42,6 милиони луѓе.

Поврзани новости