Во Скопје има 500 кревети за Ковид пациенти, со план за 200 дополнителни

by fokus

Министерот за здравство  Венко Филипче попладнево се сретна со Александар Трајановски, директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и со директорите на ковид центрите од комплексот „Мајка Тереза“.

– Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во склоп на хируршките клиники. На сотанокот се разговараше за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ, кој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, а согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, соопштија од Министерството за здравство.

Имено, во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на ОРЛ и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници.

Поврзани новости