Во Скопје 43 нови случаи на Ковид-19

by Fokus
 Во изминатите 24 часа во Скопје се регистрирани 43 нови случаи на Ковид-19.  Според Центарот за јавно здравје, активни се 761 случаи. Од почетокот на епидемијата во градот Скопје се регистрирани 6.097 случаи.
Најголем број активни случаи денеска има регистрирано во Аеродром – 109. Во Чаир се регистрирани 88, во Кисела Вода – 83, Гази Баба – 82, Карпош-81, Центар – 77, Бутел – 50, Ѓорче Петров – 44, Шуто Оризари 31, Студеничани 26, Сарај 22, Арачиново 15, Илинден 13, во Сопиште и Петровец по седум, Чучер Сандево три и во Зелениково две. Нераспределени се 13 случаи, а регистрирани се осум.
Како што соопштуваат од Министерството за здравство по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.998, бројката на оздравени пациенти е 12.149, на починати е 614, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.235.

Поврзани новости