Во Скопје 224 казнети возачи, 21 без возачка дозвола

by Fokus

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 224 мерки, од кои 21 за возење без возачка дозвола.

Од МВР денеска информираа дека 20 казни се за управување со брзина поголема од дозволената, а 18 за нерегистрирани и технички неисправни возила. Казнети биле и 12 возачи за управување под дејство на алкохол, 10 за користење мобилен телефон, шест за непрописно престигнување и обиколување и осум мерки се изречени за поминување на затворен семафор (црвено светло).

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од МВР.

Поврзани новости