Лисабон не смета дека Софија го попречува проширувањето на ЕУ

by Fokus

Нема потреба да се брза со нови заклучоци на Советот на ЕУ за прашањето за проширувањето, рече постојаниот претставник на Португалија во европските институции, амбасадорот Нуно Бриту, шренесува БТА.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој истакна дека не е правилно да се обвинува Бугарија за попречување на процесот и додаде дека Софија го поддржува проширувањето на ЕУ. Амбасадорот посочи дека е неопходна едногласност при донесувањето одлуки во оваа област, а дискусиите за проширувањето продолжуваат на високо политичко ниво.

Амбасадорот рече дека како преоден претседател на Советот на ЕУ до јули, Португалија има за цел да ги подобри односите со Африка. Според него, продолжува и работата за изготвување на новите правила на ЕУ за миграција, а од Португалија може да се очекува да ги продолжи напорите започнати под германското претседателство поврзани со одобрување на новиот европски буџет, економското закрепнување од пандемијата, кохерентноста на активностите на земјите од ЕУ за контрола на инфекцијата. Меѓу другите цели на Лисабон, тој ги наведе дигитализацијата и заштитата на животната средина.

Поврзани новости