585
На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 101 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12.
МВР денеска соопшти дека седум санкции се за непочитување на брзина на движење, а три за технички неисправни возила за јавен превоз.
– Изречени се шест санкции за користење на мобилен телефон, три за минување на затворен семафор (црвено светло) и 29 за непрописно паркирани возила, се наведува во соопштението и се најавува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.