ДЗС бара попишувачи и реонски инструктори за пописот во април

by Fokus

Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека денеска објавил конкурс со кој се бараат кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 1-21 април ќе го спроведуваат попишувањето на терен во рамките на пописот 2021.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Северна Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини, велат од ДЗС, додавајќи дека електронската апликација е достапна на веб-страницата popis2021. stat.gov.mk.

Процедурите за пописот течат додека на политичката сцена нема поместување на ставовите на власта и опозицијата. Од владејачките партии се децидни дека пописот нема да се одложува, додека најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, собира потписи за поништување на Законот за попис.

Поврзани новости