Тие се фитнес тренери, кои првично завршиле факултети за програмер и био-хемичар. Денеска, покрај фитнес центарот – Фитнес Фабрика, имаат и subscription based апликација за вежбање и производ – здрави чоколадни барови кој се продава на многу продажни места во Македонија. Елена и Атанас се успешни во градење на заедници на пријатели и следбеници, преку нивните социјални медиуми, но и преку грижата за луѓето кои доаѓаат и вежбаат кај нив.
Имаат онлајн заедница од над 30 000 следачи.
Тие се партнери во бизнисот, но и во животот. Имаат две мали деца и зборуваат за тоа како заедницата во која живеат им помага да бидат успешни, да растат и да имаат семејство истовремено.
Дел од темите кои ги отворија Елена и Атанас во „Што го врти светот“ кај Јована се:
• живеење и работење во заедница;
• како најдобрите идеи за развој на бизнисот им дошле од верните вежбачи и блиски луѓе;
• како да се мотивираме да станеме од кревет и да бидеме активни;
• зошто е важно да ги учиме децата да спортуваат.