340
Во Министерството за внатрешни работи пристигнале и десетина пријави дека денеска во неколку избирачки места им се делеле пари на гласачи.
На пример, во Топанско Поле, на избирачко место спроти касарна Илинден, лице со ПМВ Шаран вршел поткуп на гласачи на наведената локација.
Потоа, во селото Волково, во штаб на ВМРО до УО „Шкорпион“, имало повеќе граѓани на кои од страна на извесно лице им било делено пари.
Исто така, во Штаб на ДУИ спроти ОУ „Дитурија“ биле делени пари на граѓани.