Приведен е гласач во Тетово, ќе плати глоба од 300 до 1.000 евра

by fokus 18:47
18:47

Тетовецот М.А. (32) бил приведен во полиција на барање на Избирачкиот одбор од избирачко место во основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово денеска во 11.20 часот поради тоа што се обидел со мобилен телефон да го фотографира гласачкото ливче, информира полицијата.

„По приведувањето, кусото задржување и раговорот во полицијата, на тетовецот со потврда му бил одземен мобилниот телефон за натамошно вештачење, а тој ќе се соочи со прекршочна пријава согласно Изборниот законик за незаконско користење на мобилен телефон или апарат на избирачко место за што е предвидена глоба од 300 до 1.000 евра во денарска противредност“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

- Advertisements -

Во телефонот е констатирана слика од избирачкото место. Полицијата ќе испитува докази и елементи за можно кривично дело.

 

Поврзани новости