426
Овој ден е празник за демократијата. Вака изгледа Македонија кога се гласа без притисоци, слободно и демократски. СДСМ заедно со коалиционите партии победи во повеќе од 40 општини во Македонија, а извесна е победата во скоро сите 50 општини, истакна Миле Зечевиќ, шеф на изборниот штаб.
– Сакам да изразам благодарност до сите институции кои овозможија мирни и демократски избори – рече Зечевиќ.
Во штабот на СДСМ се пее „Шутка не ти бега Никола“.
Зечевиќ ги покани сите на прослава пред Влада, каде ќе се обрати лидерот на СДСМ, Зоран Заев.