Груевски: По изборите ќе анализираме каде беа и нашите грешки

by Фокус
На локалните избори имаше многу нерегуларности, но после завршувањето ќе следи анализа дали и кај нас имаше некои грешки и пропусти за изборните резултати, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Првиот круг помина недемократски. Имаше физилки пресметки, закани. Имаше закани кон нашите кандидати. Полицијата беше главен поддржувач на ова. Имало огромен број обиди за поткуп. Изборниот ден помина со бројни нерегуларности. Има сериозни индиции за манипулација со гласачките ливчиња. Овие нешта придонесоа за победа на СДСМ во повеќе општини. Изборите не се завршени. Ќе следи анализа по изборите да се утврди каде беше и нашата грешка. Јас имам највисока одговороност. За сето тоа ќе се дискутира по изборите – изјави Груевски.
Тој не сакаше директно да се изјасни дали по изборите ќе се повлече од лидерското место во партијата.

Поврзани новости