Во Шпанија се вакцинираше 70% од населението

by fokus

Седумдесет отсто од населението во Шпанија веќе го завршија циклусот за вакцинација против коронавирусот. Тој процент беше постигнат со две недели доцнење во владиниот план, но властите го припишуваат одложувањето на сезоната на празници.

Премиерот Педро Санчез го нарече процесот на вакцинација „најдобра лекција за патриотизам“ и им се заблагодари на своите сонародници за нивната одговорност.

Триесет и четири недели по почетокот на процесот на вакцинација во Шпанија, повеќе од 33 милиони и 370 илјади луѓе се целосно вакцинирани и беа дадени 66 милиони и 100 илјади дози на различни вакцини против Ковид-19.

Поврзани новости