Руската дума денеска го усвои контраверзниот закон според кој за семејно насилство не се предвидува кривична одговорност доколку е првпат. Законот беше изгласан од 380 од вкупно 450 пратеници, а против беа само тројца.
За семејно насиство сега се предвидува само прекршочна одговорност во случај насиството да се случило само еднаш. Во случај на повторување следува и кривично гонење.
Претседателот на Думата Вјачеслав Володин го правдаше законот со резултатите од истражувањето на Серускиот центар за испитување на јавното мислење, според кои петтина од населението (19 отсто) е согласно за можноста за примена на физичка сила восемејството. Повеќе од половината испитаници (59 отсто) ја одобрува идејата за декиминализација на семејното насилство за оние кои го извршиле само еднаш.