ЛДП: Груевски да го врати мандатот и да не помисли да го укине СЈО

by fokus 14:13
14:13

Никола Груевски треба да го врати мандатот за составување нова влада и да не се надева дека ќе успее да го укине Специјалното јавно обвинителство, реагираат денеска од ЛДП.

-Јасно е како ден дека за да се спасат од одговорност, осомничените од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да на се само за да се осигураат дека СЈО нема да продолжи со работа. Но, партијата на Али Ахмети веќе знае дека мора да ја искористи шансата и во овој тежок момент за Република Македонија да одигра вистинска државничка улога, а не да се однесува вазалски кон ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем и албанските гласачи јасно и недвосмислено на изборите ја упатија пораката дека коалицијата на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ значи губење на евротланските перспективи на државата, продлабочување на економската криза, како и влошување на меѓуетничките односи и можности за соживот на сите граѓани на државата, се вели во соопштението.

- Advertisements -

ЛДП бара Груевски да го врати мандатот, со цел брзо да се формира влада на чело со опозицијата, влада која ќе се зафати со реализација на реформските приоритети од Извештајот на Прибе, која ќе го  почитува Договорот од Пржино и нема  да ја попречува работата на СЈО.

Поврзани новости