544
Во Русија 235 деца се заразени со новиот коронавирус, но ниту едно дете не е во сериозна состојба, изјави денеска руската докторка Ана Попова.
– Од тие 235 случаи, 17 имаат пневмонија. За среќа, меѓу нив нема критично болни деца, но 41 дете имало благи и умерени симптоми на акутна респираторна вирусна инфекција, рече Попова.
Таа рече дека секој ден во Русија за Ковид-19 се тестираат меѓу 34.000 и 37.000 луѓе и оти бројот на тестирања ќе се зголеми.