Заврши групниот карантин за првите 160 граѓани, никој нема симптоми на корона

by Frosina Fakova

Владата информира дека денеска успешно завршува државниот карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во Скопје (Тафталиџе) и во депандансот во Демир Капија.

Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот КОВИД-19 и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите.

Поврзани новости