478
На Драганчо Стоименов, попознат како Дацо Белски, му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, одлучи судот во Кочани на барање на обвинителството. Надлежниот јавен обвинител побарал притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.
Стоименов е познат како поранешн телохранител на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков. Тој е осомничен дека во јануари во кафаната Аква во Кочани со пиштол го ранил 33-годишниот Драган Здравев – Дач.
Тој се товари за обид за убиство. Изминативе месеци беше во бегство, се до вчера кога самоиницијативно се предал на кочанското обвинителство.