Ахмети пред Груевски и Заев ги нудел Владо Поповски и Денко Малески за претседателски кандидати

by Фокус
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, за време на посетата на Боговиње и Врапчиште, изјави дека на последните претседателски избори на коалициските партнери Никола Груевски и Зоран Заев им ги предлагал универзитетските професори Владо Поповски Денко Малески за консензуални претседателски кандидати. Но, иако не постигнале договор за неговите предлози, додава тој, одлучил да застане зад Стево Пендаровски на претстојните избори, зашто тоа ќе значи продолжување на евроатланските процеси.
-Јас не гледам спремност кај г-ѓа Силјановска за да ги потпише документите како претседател на државата во иднина, значи јас гледам пречки, исто како што постапуваше досега Иванов со Законот за јазиците, Преспанскиот Договор и многу други закони кои повторно се вратија на гласање. Немаме време за губење, ние не го гласаме само г-дин Стево Пендаровски, туку гласаме за влез во НАТО и ЕУ и го гласаме консензуалниот кандидат – рече Ахмети.
Според него, на земјата и е потребно што поскоро да стане земја членка на Европската Унија, затоа што, според него, само тогаш ќе престане трендот на заминување на младите во Швајцарија, Англија, Америка…

Поврзани новости