738
Четиригодишно девојче трагично починало во околината на Бања Лука во БиХ откако со часови седела заклучена во автомобил, известуваат денеска локалните медиуми.
Обвинителството во Бања Лука потврдува дека се истражува случајот за смртта на девојчето кое во текот на вчерашниот ден е пронајдено во автомобил паркиран во дворот на семејната куќа во Долна Пискавица.
Порталот „Независни новини“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, објави дека девојчето починало од високите температури, а засега не е јасно како членовите на семејството ја оставиле сама во автомобилот.
По наредба на обвинителството ќе биде направена и обдукција со цел да се утврдат точните околности и причините за смртта.