Во пожар изгоре викендичка кај Маркова Сушица

by fokus

Пожар во моментов е активен во Маркова Сушица, на патот од Марков манастир кон Добри дол.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски изјави дека на терен се испратени две противпожарни екипи, а ќе биде испратено уште едно возило.

Според информациите од терен изгорена е една викендичка, а од пожарот зафатени се и бандери на ЕВН Македонија.

Поврзани новости