Заев сведочеше во суд за заканите кои ги добивал преку Фејсбук

by fokus 14:04
14:04

Премиерот, Зоран Заев денеска во суд сведочеше на рочиште каде се јавува како оштетен поради закани упатени на „Фесјбук“ од 2016 година.

-Денеска бев повикан од судот за настани од Јуни месец 2016та година, за директни  закани против мене, против мојот живот, како оштетено лице сум, во случајот кој што го води ЈО, на моја пријава преку мој адвокат. Се работи за директни закани преку фејсбук, во една организирана форма којашто има за цел моја ликвидација – рече Заев.

- Advertisements -

Тој одби да одговори од кого конкретно му се заканите, но негираше дека се од водителот Миленко Неделковски.

-Од конкретни личности коишто јас не знам ни дали смеам да тоа јавно го кажувам – рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање за преговорите со опозицијата околу Законот за јавно обвинителство, тој рече дека овие преговори не се пазарења.

-Кој сум јас и кој е Христијан Мицкоски да кажуваме кои обвинители треба да бидат избрани, а кои не, кога во Македонија има Совет на јавни обвинители и таму е изборот на оваа обвинителска власт -одговори Заев.
Премиерот смета дека ако опозицијата реши да не гласа за овој системски закон, кој се носи со двотретинско мнозинство, треба да се продолжи по старо со постоечките закони

Поврзани новости