Во последното деноноќие регистрирани 19 починати од корона, најмладиот имал 40 години

by fokus

Во последните 24 часа регистрирани се 19 лица заразени со Ковид-19. Четири пациенти од Скопје (82, 53, 74 и 84г), еден од Куманово (87г), еден од Струга (78г), еден од Велес (53г), еден од Битола (86г), двајца пациенти од Охрид (76 и 80г), еден од Кавадарци (65г), двајца од Гостивар (75 и 56г), четири пациенти од Крива Паланка (66, 40, 72 и 67г), еден од ПЕ Делчево-Македонска Каменица (81г) и еден пациент од Кратово (65г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73025, бројката на оздравени пациенти е 48726, на починати е 2096, а бројот на активни случаи изнесува 22203.

Поврзани новости