Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани се 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од МЗ.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно19 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, двајца болни на Клиниката за Дерматовенерологија, седум пациенти на ковид одделението на Клиниката за Гастроентерохепатологија и осум пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени четворица.
На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симптоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица. Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 160 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 12 деца и 28 возрасни.
Од вчера пациенти сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени осум пациенти и има уште 17 слободни кревети.
Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.