334
Средбата на работните групи кој започна попладнево, се одржува во Клубот на пратеници, иако првично беше договорено таа да се одржи во просториите на ОБСЕ во Скопје. Нема информација зошто во последен момент дошло до промена на местото на одржување на средбата.
До канцеларијата на ОБСЕ во Скопје стигнала само информација дека состанокот нема да се одржи кај нив, но не и која е причината.
Оваа средба е прва официјална на работните групи за спроведување на договорот за надминување на политичката криза. Taa e под посредство на белгискиот експерт Питер Ван Ховит, а во фокусот се разговори за измени на Изборниот законик, прочистување на избирачкиот список, изборното законодавство, како и гласањето на дијаспората.