Владата за реконструкција на Ургентниот центар во Куманово ќе вложи исто колку за својата ограда

by Фокус

Нешто повеќе од 40 милиони денари ќе издвои Министерството за здравство за реконструкција на Ургентниот центар во Куманово. Проектот е веќе изработен, а надлежните велат дека со него ќе се  подигне квалитетот во оваа институција.

Министерот Никола Тодоров објасни  проектот ќе содржи приземје и кат на површина од околу 600 м2, а ќе се гради на местото каде што се наоѓаат моменталните ургентни амбуланти на интернистичкиот оддел кои вушност ќе се поврзат и ќе станат еден ургентен центар.

За споредба, оградата околу Владата изработена од ковано железо чие поставување е во тек, според истражувањето и податоците на БИРН, чини 43 милиони денари. Како инвеститор се јавува Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.М. Директорот на Службата, Васе Доневски, на почетокот на поставување на оградата, рече дека во оградувањето на Владата нема ништо чудно.

-Ниту се штитиме, ниту се криеме од некого. Нели, секоја куќа има ограда, секој двор, плац е ограден, па, така, нормално е и околу овој објект да се постави ограда, изјави директорот Доневски.

Поврзани новости