Средбата заврши: Партиите молчат, Ховит оптимист

by Фокус

Заврши средбата на работните групи за спроведување на договорот за надминување на политичката криза. По три часа договарање, ниту еден од претставниците на политичките партии не даде официјална изјава како се одвивале преговорите.

Само претставникот на ЕУ кој беше посредник на средбата, Питер Ван Ховит, рече дека е оптимист и дека утре попладне ќе има нова средба.

Според партиски извори, биле отворени прашањата за Избирачкиот список и за гласањето на дијаспората. Еден од предлозите за Избирачкиот список бил гласачите кои сакаат да гласаат да се регистрираат неколку месеци пред изборите.

Што се однесува до гласањето на дијаспората, била отворена опцијата за негово целосно укинување или пак, оние кои сакаат да гласаат на денот на изборите тоа да го направат во Македонија.

 

Поврзани новости