Во поплавите во Индија за три дена загинаа 40 лица

by Fokus

Во изминатите три дена во северна Индија, најмалку 40 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од монсунските дождови, соопштија властите.

Стотици села и патишта се поплавени, а на некои места водата урна мостови.

Метеоролозите прогнозираат дека поројните врнежи ќе продолжат да врнат и во следните два дена.

Во денешното владино соопштение се наведува дека најмалку 36 лица загинале во одрони и поплави во сојузната држава Химачал Прадеш во последните три дена.

Стотици се во засолништа бидејќи нивните домови се погодени од поплави.

Во соседната држава Утаракханд четири лица загинаа, а 13 се водат како исчезнати.

Поплавите и одроните се вообичаени во регионот за време на сезонските монсунски дождови кои траат од јуни до септември.

Поврзани новости