Во понеделник Врховниот и Кривичниот суд ќе добијат в.д. претседатели

by fokus 11:35
11:35

Судскиот совет на седница закажана за во понеделеник во 11 часот, ќе избира в.д. претседател на Врховниот и на Кривичниот суд во Скопје.

Советот ќе избира в.д. претседател бидејќи на актуелните претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд, Лидија Неделкова и Владимир Панчевски, мандатот им истекува утре, а изборот на претседатели се одложува поради оддржувањето на предвремените парламентарни избори.

- Advertisements -

Инаку, Неделкова и Панчевски поднесоа кандидатури за нивен реизбор на досегашните функции, а изборот треба да биде спроведен веднаш по завршувањето на предвремените парламентарни избори, закажни за 11 декември.

Покрај Панчевски, кандидати за претседател на Кривичниот суд во Скопје се и судиите Иван Џолев и Владимир Туфегчиќ, а кандидатури за претседател на највисокиот суд во државата, освен Неделкова, поднесоа и поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски, судијката Снежана Бајлозова и нејзината колешка од Врховниот суд, судијката Беса Адеми.

Поврзани новости