Тачи: ВМРО-ДПМНЕ ни забоде нож во грб, 99 проценти нема да коалицираме со нив

by fokus

По сè што се случува во државава, најважно сега е да се случат промени, односно ДУИ да ги изгуби изборите, вели лидерот на ДПА, Мендух Тачи во интервју за Радио Слободна Европа.

-Мислам дека најважно сега, после сè што ни се случува во државата во последните две години, e ДУИ да ги изгуби изборите. Tоа е многу важно за граѓаните, мислам дека граѓаните лесно ќе сфатат, од сите страни имаме пораки дека треба да се случи промената, затоа што уништувањето на институциите е дело на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Што се однесува до помалите албански партии, рационално зборувам, не од инает или од конкуренција, ние имаме таков систем што не верувам дека нивните гласови во три изборни единици, како што се првата, втората и петтата единица, ќе успеат да го достигнат цензусот на пратеник, да имаат околу 11 илјади гласови. И автоматски тие гласови би можело да отидат кај ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ и тоа ќе биде изгубен глас. Ако граѓаните гласаат за промени и гласаат против ДУИ, тој глас што нема да оди кај ДПА може да се смета како изгубен глас. Убеден сум дека тоа нема да се случи. Апсолутно не ни сметаат малите партии, тоа се вредности на демократија, но работите треба да ги гледаме рационално, не сме во комодитет на таква демократија, главното е тоа што го реков на почеток – мора да се случат промени, вели Тачи.

Што се однесува до постизборни коалиции, тој вели дека ДПА од 2008 година најмногу ножеви во грб добила од ВМРО-ДПМНЕ, па затоа речиси е невозможно да коалицираат.

-Не само тоа, ако погледнете после 2008 ДПА најмногу ножеви во грб доби од ВМРО-ДПМНЕ, значи веќе е јасно дека таквата националистичка политика и ова што се случува после тоа дека готово е невозможна соработка и коалиција меѓу ДПА и ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека најискрено тоа е невозможна работа, ќе видиме после избори, но 99 проценти тоа е невозможна работа, вели Тачи.

 

Поврзани новости